ПравдаСветот на работникот

Вработените со средно што во меѓувреме завршиле факултет ќе добијат повисоки позиции и плати

1.84Kviews

Интегрален текст од прес конференција на Адем Авзиу од ДУИ 

-Нашата загриженост за администраторите го докажавме со измената во Законот за административни службеници, кој беше изгласан во Собранието на Република Северна Македонија на 17.01.2020 година (седумнаесети јануари две илјади и дваесета година), и истиот од вчера  на ден 01.06.2020 (први јуни две илјади и дваесета година) стапува во сила, и во овој случај ја олеснивме можноста за унапредување на државните службеници, а исто така и прифаќањето на високото образование за сите државни службеници кои се примени на работа со средно образование, а во меѓувреме се стекнале со диплома за завршено високо образование.

Со оваа измена, конечно, на сите државни администратори кои работат на работни места со средно образование, а во меѓувреме, до усвојување на Законот имаат завршено високо образование, ќе им се признава, односно ќе им се вреднува високото образование.
Дозволете ми, на кратки точки да ја образложам постапката за остварување на правото за искористување на ова законска можност.

Постапката е следнава:

– државниот службеник (со средно образование) поднесува барање до раководителот на институцијатa;

– во актот за систематизација треба да има слободно (празно) месно со звање ,,помлад соработник”, врз основа на образованието кое го има стекнато државниот службеник и ако ги исполнува условите во согласност со законот;
– соодветната институција треба да располага со финансиски средства за покачување на платата.

Важно: доколку, соодветните институции немаат на располагање финансиски средства за оваа календарска година, истите можат да планираат да обезбедуваат финансиски средства за време на изготвување на буџетот за наредната година!

Дозволете ми, по овој повод да им честитам и да им посакувам успеси на сите државни службеници за понатамошно развивање и унапредување во кариерата! Ви благодариме за дадената доверба, бидејќи со вашата постојана поддршка, ДУИ успева целосно и успешно да ја спроведува свотата програма.