Вредноста на платата е помала, не се за фалење повисоките бројки, вели екс-директорка на УЈП
Време за читање помалку од минута
Екс-директорката на Управата за јавни приходи (УЈП), Анастасија Илиеска вели дека не се за фалење повисоките бројки на нето и бруто платите бидејќи вредноста на платата е помала.
– Суштината е во зголемена вредност на плата, а не во зголемен номинален износ. Исплатена месечна нето-плата во Македонија за месец април 2023 година била 36.134 денари (ДЗР).
Индексот на просечната месечна исплатена плата за периодот јануари – април 2023 година во споредба со истиот период од 2022 година има зголемување од 113,3%.
Индексот на реалната плата за периодот јануари – април 2023 во споредба со јануари – април 2022 година е 98,3%. Ако тоа не можете да го забележите од статистичките податоци, тогаш прашајте ги граѓаните, вели Илиеска.
Latest posts by Редакција (see all)
- КСС организира Првомајска конференција на тема: „Работничките права во време на промени: Заедно кон праведна транзиција и ефикасна администрација“ - 28/04/2025
- Германија исплаќа најмногу пензии во Хрватска – дури 84.393! - 28/04/2025
- Вработени во РТС поднесоа петиција до Парламентот: Да престанеме да жмиркаме и да не гледаме она што го гледаат сите - 28/04/2025