Врие во Улици и патишта, вработените се подготвуваат за штрајк
Не само во ЈСП, хаос има и во останатите јавни претпријатија под капата на Град Скопје. Како последно врие во Улици и патишта каде вработените се подготвуваат за штрајк.
Гневот кај нив е огромен оти повторно немаат плата. Најавуваат штрајк пред Град Скопје, каде велат дека ќе ја донесат целата механизација. Вработените се жалат дека повеќе не можат да го издржат лошото менаџирање на јавното претпријатие кое тоне во огромни загуби. Вината за состојбите ја лоцираат исклучиво во двоецот Арсовска – Глигоров преку разрешениот директор Ванчо Умленски.
Во писмениот допис до јавноста, вработените предупредуваат дека освен што доцни платата, претпријатието е презадолжено кон добавувачи на материјали во износ од 240 милиони денари. Долговите велат се подмируваат селективно од страна на директорот, односно градоначалничката Арсовска.
Сметката им е блокирана, немаат основни средства за работа како нафта, ризла, тампон, рабници. Градежните машини и возила се со дефекти и не се сервисираат со месеци. Терминот на штрајкот велат дополнително ќе се утврди.
- СПМ: Испратени барања до МВР и Одделот за правни работи за преиспитување на повлекување на измените од Законот за Полиција - 19/04/2025
- Неделков: Вработените во културата испоснички го дочекуваат Христовото воскресение - 19/04/2025
- Вработените во културата во Република Македонија останаа со едно големо ништо за најголемиот христијански празник „Велигден“. - 18/04/2025