Занимливости

Вселената „наскоро“ би можела да започне да се намалува, велат научниците

По речиси 13,8 милијарди години непрекинато ширење на вселената, би можело да дојде до запирање на тој процес по што тој би започнал да се намалува, покажува новото истражување.

Научниците на база на претходните набљудувања на козмичката експанизја направиле модел од природата на темната енергија, таинствената сила поради која вселената се шири со толкава брзина. Моделот покажал дека темната енергија не е постојана сила на природата, туку некој вид на квинтесенција – елемент кој можеби се менува со текот на времето.

Експертите откриле дека одбиачката сила на темната е можно да ја губи енергијата, иако ширењето на вселената се забрзува веќе милијарди години. Според нивниот модел, вселената би требала да престане да се шири во следните 65 милиони години.

„Сето тоа би можело да се случи неверојатно брзо“

Потоа, кога ќе поминат 100 милиони години, во потполност би престанала да се шири и пополека ќе започне да се намалува, па претпоставката е дека за многу милијарди години би дошло до смрт (или повторно раѓање) на времето и просторот.

„Сето тоа би можело да се случи неверојатно брзо. Во козмички размери, 65 милиони години се многу краток период. Ако се вратиме толку години во минатото, Земјата тогаш ја погодил астероид кој уништил најголем дел од диносаорусите“, рекол физичарот Пол Стеиндхард од универзитетот Принстон во Њу Џерси.

„Ништо во оваа теорија не е контроверзно или неверојатно“, рекол за Live Science физичарот и астроном Гери Хиншо од универзитетот Бритиш Колумбија. Меѓутоа, земајќи го во предвид фактот дека моделот се базира на досегашните опсеравации на ширењето на вселената и земјаќи го во предвид тоа што природата на темната енергија е голема мистерија, засега е невозможно да се тестираат резултатите од истражувањето.

Енергија на празнината

Научниците уште од 1990 -тите знаат дека ширењето на вселената се забрзува, односно дека просторот помеѓу галаксиите сега се шири побрзо отколку пред една милијарда години. Таинствениот извор на ова забрзување го нарекле темна енергија – невидлив ентитет кој делува спротивно на гравитацијата и кој ги турка најмасовните објекти во вселената еден до друг.

Иако темната енергија сочинува отприлика 70 % од вкупната маса – енергија во вселената, нејзините својства и понатаму остануваат мистериозни. Според популарната теорија, која ја вовел Алберт Ајнштајн, темната енергија е козмолошка константа – непроменлив облик на енергија која е вткаен во ткивото на просторот – времето. Ако е тоа случај, темната енергија никогаш не се менува и забрзаното ширење на вселената би можело да продолжи до недоглед.

Од друга страна, конкуретската теорија, сугерира дека темната енергија не мора да биде константна за да нејзините својства се совпаѓаат со досегашните обсервации на космичкото ширење. Наместо тоа, таа може да биде квинтесенција , динамично поле које се менува со текот на времето.

За разлика од козмичката константа,квинтесенција може да биде одбивна или привлечна, зависно од дијаметарот на нејзината кинетичка и потенцијална енергија. Во текот на последните 14 милијарди години, квинтсенција имала одбивни својства.

Смрт на темната енергија

Стеиндхард и неговите колеги во студијата предвиделе дека својствата на квинтесенција  би можеле да се променат во текот на следните неколку милијарди години. Креирале модел на квинтесенција кој ја покажува нејзината одбивност и привлечност во текот на времето.

На нивно изненадување, моделот покажал дека темната енергија со текот на времето може да почне да слабее. На крајот би можело во потполност да исчезне антигравициското својство на темната енергија и таа би можела да се врати во нешто што наликува на обична материја.

Според нивното сценарио, забрзаното ширење на вселената веќе започнало да забавува. За некои 65 милиони години, тоа забрззување би можело да да престане во потполност. За 100 милиони години од сега, темната енергија би можела да ги прими привлечните својства поради што вселената би започнала да се намалува.

Крај на вселената?

Стеиндхард претпоставува дека би можеле да се случат две работи: Или вселената да се намалува се додека не се сруши самата врз себе, при што ќе дојде до смрт на просторот – времето какво што го знаеме или ќе се намали се до состојба на слични изворни услови каде би можело да дојде до создавање на нов Биг Бенг.

„Во случај на второто сценарио, тоа би значело дека вселената следи циклична шема на ширење и намалување и дека нашата моменталната вселена можеби не е прва или единствена; туку само најнова во бесконечната низа на вселени“, рекол Стеиндхард.

„За жал, не постои добар начин да се провери дали квинтесенција вистинсиска и дали започнало забавувањето на ширењето на вселената“, додал тој.

Истражувањето насловено како Rapidly descending dark energy and the end of cosmic expansion објавено е во магазинот Proceedings of the National Academy of Sciences.

Извор: Index.hr

Фото: Shutterstock