- Advertisement -
МакедонијаПравда

Втор протест за струјата во Тетово: Да се стави крај на нечовечкото однесување

126views

Со марш од три локации до градскиот плоштад во Тетово неколку илјади граѓани вчера учествуваа во вториот по ред протест во знак на револт поради зголемување на цената на електричната енергија. Според најавите кои се правеа на социјалните мрежи маршот започна во 18:00 часот, од три точки на градот-Монопол, локација на улица Илинденска кружниот тек за Блок 82 како и Поток. Потоа сите се собраа на кружниот тек кај плоштадот.

Претставници на Организацискиот одбор пред граѓаните ги прочитаа повторно барањата.

Advertisement

Барањата на организацискиот одбор се: Регулаторната комисија веднаш да ја став вон сила одлуката за зголемување на цената и да ја намали цената за 46 отсто. Второ, Владата да го укине монополот на услугите за ЕВН и да стави крај на нечовечкото однесување кон потрошувачите, како и да го намали данокот на додадена вредност од 18 на 5 отсто. Собранието да ја укине Регулаторна комисија бидејќи служи само за апетитите на бизнис групациите кои сериозно го оштетуваат семејниот буџет на сиромашните граѓани. Последно четврто барање е Собранието да формира независен арбитрарен орган кој ќе го верификува квалитетот на услуги и ќе адресира поплаките на граѓаните на ваквите корпоративни рекетарски компании, истакна претставниците на одборот.

По истакнатите барања групите се разотидоа мирно. Вчера навечер две возила на ЕВН беа запалени и изгорени, за што полицијата приведе осомничен, К. О (43).

Advertisement
Advertisement

Извор: Лидер 

Advertisement