Газдите ги возеле вработените до работните места оти нема јавен превоз
Сопственици на фабрики и приватни фирми утринава ги превезуваа своите вработни на работните места, затоа што од 1 јануари Куманово остана без градски превоз, оти Општината не ја заврши постапката за избор на нови фирми за превоз на патници. На првиот работен ден во новата година, тие се организираа со своите пријатели или вработени и ги возеа работниците од приградските и селски населби на работа.
„Хаос е од изутрина во превозот. Сабајле од 5 саат заедно со роднина сме во околните населби Умин Дол, Табановце, Горно Којнаре, Бабин Дол и другите. Направивме по 4 тури и ги довезовме сите работници. Оние од градот си дојдоа со свои автомобили или ги довезе некој од домашните. После работа пак ќе ги вратиме. Не само јас, и другите газди го правеа истото. Бараме под итно Општината да најде начин да го врати превозот. Срамота е градот да остане без градски превоз. Кога нè посетуваше градоначалникот пред избори на работниците им вети редовен превоз“, вели сопственик на погон за чевли во Куманово.
Повеќе на СДК.мк
