- Advertisement -
ЕкономијаМакедонијаНовости

Герасимовски и Исени: Заштита на правата е основа за развој на бизнисите

Герасимовски и Исени - Работник
839views

Продолжува соработката меѓу Државниот завод за индустриска сопственост и Стопанска комора на Северозападна Македонија. Директорот на ДЗИС, Горан Герасимовски и извршниот директор на СКСЗМ, Дрилон Исени, денеска имаа средба, на која се прецизираа идните активности.

Со цел подигнување на јавната свест за заштита на правата од индустриска сопственост, експерти од Државниот завод ќе ги посетуваат фирмите-членки на комората. Притоа, ќе се објаснуваат бенефитите и процедурите за заштита на трговска марка, како и другите права од индустриска сопственост. Заштита на правата, е основата за успешен развој на секој бизнис. Дополнително, стопанствениците ќе се информираат околу можностите за пристап и користење на меѓународните електронски бази, велат од двете институции.

Во рамки на досегашната соработка на овие две тела, одржани се работилници за заштита на правата од индустриска сопственост во повеќе градови во северо-западниот регион и посетени се 57 компании.