Германскиот гигант го отпушта секој деветти работник во Германија
Произведувачот на електрични апарати за домаќинства Miele има намера во Германија да отпушти 1,300 работници, што значи дека секој деветти работник ќе остане без работа.
Најавено е потпишување на нов колективен договор со синдикатот, кој ќе важи од август оваа година до декември 2028 година, како и инвестиција од половина милијарда евра. За да се отпуштат наведениот број на работници, потребно е да се подготват услови за исплата на отпремнина и заминување во привремена пензија. Меѓутоа, се тврди дека до крајот на 2027 година нема да има отпуштања.
Како што јавува германскиот Tagesschau, Miele е во тешка ситуација. Имено, во текот на пандемијата со коронавирусот имал исклучителна продажба, додека по завршувањето на пандемијата таа значајно опаднала. Лани продажбата на компанијата која вработува 22,700 луѓе ширум светот била намалена на речиси пет милијарди евра, пренесува Seebiz.
Поголемиот дел од отказите ќе бидат во германскиот град Guterslohu, каде Miele има свое седиште и фабрика. Имено, фабриката за производство на машини за перење алишта ќе биде преселена од споменатиот град во Полска, додека 600 работници во остатокот од Германија ќе останат без работа. Синдикалците тврдат дека било невозможно да се убеди Miele да се откаже од преселувањето и затворањето на производните погони.
Сметаат дека во обемните отпремнини и другите социјални механизми успеале „да извлечат нешто“ за работниците кои ќе добиваат откази.
Извор: b92.net
Фото: Grand Warszawski / Shutterstock.com
- Проектираниот раст од 3,7% реален, отворени можности за префрлање на капацитетите од европските земји во нашата земја - 24/04/2025
- Научници пресметале колку животи спасиле вакцините - 24/04/2025
- Сакате да ја добиете работата од соништата? Никако не ги поставувајте овие прашања на разговор за работа - 24/04/2025