НовостиПравдаСветот на работникот

Гласен Текстилец бара средба со Владата за да ги објаснат проблемите со кои се соочуваат работниците

   Време за читање 5 минути

Навистина сме загрижени поради грубото прекшување на работничките права низ целата држава.

🗣️Активни случаи на грубо прекшување на работничките права, во моментот имаме во правни лица низ градовите Штип, Битола, Македонски Брод, Македонска Каменица и Свети Николе. ❗️

❌Во Штип еден работодавач започна да работи и во недела иако истиот според Законот за работните односи е ден на неделен одмор, согласно чл.134 ст.2 од Законот.

👷‍♀️🔊👷Во индустриската зона во Штип, бидејќи имаме членови кои се дел од ГЛАСЕН СИНДИКАТ, ✊ ни беше јавено дека има грубо прекршување на работничките права, како што е воведување на 10 часовно време.

👷‍♀️🧑‍⚖️👷Ние како Синдикат реагиравме веднаш и истите неправилности беа отстранети.

Во Македонска Каменица работниците се пријавени на 2 часа иако работат 8 часа а три пати во неделата работат прекувремено и по 11 часа.

🚨Во Свети Николе еден работодавач бидејќи имал регистрирано две фирми, работниците ги префрла од една во друга фирма и договорот за вработување го трансформирал од договор на неопределено време во договор на определено време. Работниците се членови на СТЧК кој е дел од Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), немаме наши членови, но сепак е побарано правна помош и совет од наша страна.

🗣️ Упатуваме апел до ССМ да ги проверат договорите и дали е направена манипулација и злоупотреба на работничките права, а потоа да побараат и нивно раскинување. ССМ и СТКЧ имаат одговорност пред своите членови кои секој месец издвојуваат членарина за синдикат кој треба да има слух за нивните проблеми.

🔴Во Битола, имаме работодавач каде работниците се заклучени, имаат постојана прекувремена работа, која не е евидентирана и не е платена.

📣 Овој тренд на прекршување на работничките права загрижува, особено по изјавите и барањата на Стопанската Комора која е претставувана од страна на Бранко Азески каде што се бара намалување на правата на работниците, односно е покрената иницијатива за враќање на недела да биде работен ден иако ние како Здружение за заштита на работничките права „Гласен Текстилец“- Штип и како Гласен Синдикат на работниците се изборивме за законска измена со што нашето барање беше усвоено за недела да биде ден на неделен одмор како што е согласно чл.134 ст.2 од Законот за работните односи.

❗️✊ Битно да се напомене е и фактот дека новата влада и премиерот остваруваат средби со работодавачите каде што се разговара за помош и поддршка на приватниот сектор, а во врска со заеми, кредити и директна финансиска помош, за што се согласуваме, но да има контрола на таа помош и поддршка. За да не ни се случат злоупотреби како што се случија со шесте пакети на економски мерки во корона кризата, каде народните пари делумно завршија во џебовите на одредени работодавачи, а не како плати за работници.

🗣️🧑‍⚖️ Но многу е евидентно дека одредени организации на работодавачи, на истите средби единствено бараат укинување на недела неработен ден, а со тоа и помали права на работниците.

Од друга страна, пак , не се слушнати барањата на работниците и проблемите со кои се соочуваат истите.

🚨🗣️❗️ Затоа упатуваме ЈАВЕН АПЕЛ ДО ПРЕМИЕРОТ ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ за средба во која, каде би ги образложиле барањата на работниците и проблемите со кои се соочуваат.

Имено, доколку продолжи овој тренд на ниски плати, непочитување на законите и никаква одговорност, ниту странските работници кои доаѓаат и си заминуваат, ниту пак пензионерите кои работат на „црно“, нема да ги потполнат местата во реалниот сектор. Напротив ќе слушаме за масовни иселувања и постојани отворени работни места кои не можат да се пополнат.

📣✊❗️Го повикуваме премиерот Христијан Мицкоски како и министрите конечно да ја слушнат страната и на работниците од приватниот сектор од кои зависи економијата на една држава, овие пракси да бидат надминати, а се надеваме дека тоа ќе го направиме преку социјален дијалог со новата влада за да бидат донесени конкретни решенија за сузбивање на проблемите и конечно добробит на оние од кои сите зависат-работникот од реалниот сектор.

Да биде еднаш засекогаш подобрен стандардот на работниците и да бидат подобрени работничките права.

Ги повикуваме сите работници масовно да се зачленат во Гласен Синдикат на работниците бидејќи конечно постои Синдикат кој секогаш ќе стои рамо до рамо со работникот и кој секогаш ќе има „слух“ за конкретниот проблем на работникот. Колку сме побројни – толку сме посилни!✊👷🧑‍⚖️👷‍♀️