ПравдаСветот на работникот

„Гласен Текстилец“: Да не се злоупотребуваат мерките против коронавирусот ниту од работниците, ниту од работодавачите

   Време за читање 1 минута

Здружението „Гласен текстилец“- Штип апелира ниту работниците, ниту работодавачите да не манипилураат и да не објавуваат лажни вести, околу препораките на Владата за да се спречи ширење на коронавирусот. Претседателката на „Гласен Текстилец“ Кристина Ампева е децидна дека засега немаат забележано непочитување на препораките.

– Препорака е работниците од приватниот сектор кои имаат деца во градинка или имаат деца до 10 годишна возраст, кои ја посетуваат наставата да бидат ослободени од работа. Тоа е препорака за приватниот сектор, но тоа не значи дека нема да сносат одговорност доколку работничките, работниците поднесат документи соодветни. Тоа значи дека треба да достават документ од градинката или од училиштето, каде што нивното дете посетува настава, да ја однесат потврдат, да дадат изјава и тоа да го најават, за да имаме траг дека тие пријавиле отсуство, вели Ампева, пишува Либертас.

Целосниот текст прочитајте го тука