- Advertisement -
НовостиПравдаСветот на работникот

Гласен Текстилец до работниците: Не потпишувајте се на празни листови!

1.16Kviews

➡️Почитувани вработени од текстилната индустрија и цел приватен сектор!📢📢📢

⚠️Читајте внимателно и помогнете ни, за да можеме и ние да ви помогнеме.

⬇️Започнува период за исплата на К15, со тоа и огромни манипулации и злоупотреби при исплатата.

⛔Рокот за исплата на К15 е до 31.12.2020. Важно е да знаете неколку работи

📌1. Не смее да не се исплати воопшто К15
📌2. Но смеат да пријават загуби и платат помалку од износот од 10.884 денари кој е предвиден за 2020 година
📌3. За да исплатат помала сума (која знаеме дека ја исплаќаат со години во износ од 100, 1000, 2000 денари), МОРА ДА ИМА СПОГОДБА МЕЃУ ПРЕТСТАВНИК НА ВРАБОТЕНИТЕ И РАБОТОДАВАЧОТ
📌4. ПРЕТСТАВНИКОТ НА ВРАБОТЕНИТЕ го избираат мнозинството вработени НА ПИСМЕНО

🔴Затоа , користете ги законите како што ги користат и работодавачите за да ги манипулираат вашите права.
🔵Не се потпишувајте на празни листови, договорете се, потпишете се мнозинството вработени во фирма и донесете свој преставник кој нема да ја злоупотреби вашата доверба и нема да се договори со работодавачот да се исплати К15 од срамни 100, 1000 или 2000 денари.

✊Борете се за своите права, знајте ги своите права, користете ги за да се спротивставите на кршење и злоупотреба на вашиот труд и права кои ве следуваат!

⛔Ние сме тука, за совети, поддршка, но не сме синдикат, немаме моќ за ова да ја спречиме оваа манипулација со закон и колективен договор, како што можеа Сојузот на синдикати, но не го направија тоа.

⛔Нашите броеви се достапни, нашата канцеларија ја знаете каде се наоѓа, на вашите барања и пораки одговараме и се трудиме да одговориме на сите.

⚠️Но ова зависи само од вас, не од нас. На писмено одберете свој преставник и не се потпишувајте на празни листови, тоа е најважно . К15 не може да се исплати во помал износ ако нема спогодба која е спомената погоре.

Со почит,

Тимот на Гласен Текстилец!