- Advertisement -
МакедонијаНовостиПравдаСветот на работникот

„Гласен текстилец“: Ковид кризата ги спушти работничките права на катастрофално ниво

Димовски: Работодавачите што се огрешиле - Работник- Работник
1.08Kviews

Од почетокот на ковид кризата, март минатата година, досега повеќе од 8.000 вработени од приватниот сектор побарале правна помош од здружението „Гласен текстилец“ поради нарушени права од работен однос, а најголем процент од нив биле од секторот за производство на текстил, кожа и чевли.

Во овие дејности, според досегашните согледувања на Здружението, пандемијата предизвика низа непочитувања на протоколите за работа кои ги донесе Вадата, меѓу кои и организираниот превоз кој доведе до зголемен број на заболени работници од корона вирусот. Имаше и има многу примери на доцнење на исплата на платите, неисплаќање на законскиот минималец, неплатени боледувања и слични прекршувања, а во пораст беа и спогодбените откази, во добар дел незаконски.

Advertisement

Генералната слика со работничките права во време на ковид кризата е катастрофална и поразителна. Иако секаде низ светот има откази и државите, меѓу кои и нашата, даваат помош и поддршка на приватниот сектор за да се намалат штетите, да се задржат работни места и да има редовна исплата на плати, сепак, сведоци сме на незаконски откази, особено на жени работнички, на мајки на деца до 10 години, бремени жени и хронично болни лица, кои со уредби на Владата беа ослободени од работните обврски“, вели за Мета.мк, Кристина Ампева, претседателка на „Гласен текстилец“.

Таа посочува дека е неопходно вклучување на граѓанскиот сектор во одлуките и мерките на Владата за финансиска поддршка на повеќе сектори. Досегашните беа дизајнирани со социјалните партнери, во кои не беше вклучен и граѓанскиот сектор. Помошта од државата треба да продолжи, но со широка консултација на сите засегнати страни, вклучувајќи го и граѓанскиот сектор. Во таа смисла, Здружението има своја експертиза која несебично би ја споделило со надлежните институции и би далосвои коментари, со цел да се намали штетата во економијата и да се обезбеди егзистенција на граѓаните.

Advertisement

„Државната помош беше злоупотребена од страна на некои работодавачи. Таму каде што имавме сознанија, реагиравме. А, тие се однесуваа на исплата на пониски плати, на неисплаќање или на доцнење на платите, на неевидентирана и неплатенана прекувремена работа и слично. По наши барања, трудовите инспектори беа на терен и направени се корекции на платите. Но, не зависи сѐ и од инспекторите. По добиени решенија од нивна страна, имаше примери кога работодавачи се жалеа до второстепена комисија во управна постапка, па дел од решенија беа поништени во корист на работодавачите. И сето тоа поради небитни технички причини, а притоа не се земаше предвид фактичка состојба од терен“, посочува Ампева.

Таа констатира дека Здружението нема големи ингеренции, не е институција ниту синдикат и дека таму каде што можеле реагирале. Се чека разврска од ЈО по неколку случаи околу злоупотребата на државна помош, од добиени сознанија од Управа за јавни приходи, Државен трудов инспекторат, но и по допрен глас. Од „Гласен текстилец“ нагласуваат дека мора да има итна разврска, почитување на законите и нивна имплементација. Со цел, да се охрабрат работниците да пријавуваат злоупотреби, да се врати довербата во државните органи, да се даде до знаење дека работниците од приватниот сектор не се колатерална штета и дека не треба да се злоупотребуваат народните пари и да се кршите законите без никакви реперкусии.

„Тоа мора итно да се случи пред да се донесат новите мерки за поддршка. Започнуваме со координирана соработка со УЈП и размена на информации, сѐ со цел државната помош да стаса кај вработените. Се надевам набрзо ќе има резултати. Нашите укажувањата се од работа на терен и се трудиме да бидеме максимално продуктивни, да им бидеме поддршка и на вработените и на институциите да им олесниме и да им дадеме препораки како да се преброди оваа криза без огромни штети. Штетите се неминовни, но можат да се ублажат и да се сведат на некој разумен минимум. За тоа е потребно слух, доверба, размена на информации и нивна имплементација“, вели Ампева.

Извор: Лидер

Advertisement