МакедонијаПравдаСветот на работникот

Гласен Текстилец на средба со СДСМ: Мора да се плаќа и вреднува работничкиот труд

678views

На покана од политичката партија СДСМ и коалицијата Можеме, остваривме средба со потпретседателката Мила Царовска, носителите на листи на ИЕ 3 и кандидати за пратеници од Штип.

Во 2016 година, како здружение побаравме покачување на минималната плата. Се покачи на 12.000, па на 14.500 денари. Започна вистински социјален дијалог со граѓанските организации и консултации при носење на одлуки, уредби, закони.
Она што го побаравме изминатиот период е вметнато во нивната програма, како , да биде недела неработен ден, јакнење на трудов инспекторат, нов хуман Закон за работни односи и намалување на работно време за возрасните работници и работнички.

Денес , апелиравме на најгорливиот проблем на 1текстилните работници, па и цел приватен сектор, а тоа е, неевидентираната работа на празник и прекувремена работа.
Мора да се плаќа и вреднува работничкиот труд! Секој час да е евидентиран и платен по закон.

Упатуваме апел и до останатите политички субјекти за средби.
Соработката со граѓанскиот сектор е од непроценливо значење, тие се оние кои стојат меѓу институциите и граѓаните, пишуваат од Здружението Гласен Текстилец на фејсбук статусот.