- Advertisement -
НовостиПравдаСветот на работникот

Гласен Текстилец: Патот до правдата е долг, но долгата правда во суштина значи неправда

Гласен Текстилец - Работник
469views
Фејсбук статус на „Гласен Текстилец“: 
 
🗣Здружението Гласен Текстилец од Штип поднесе претставка на ден 12.03.2021 година до Државен санитарен и здравствен инспекторат за вонреден инспекциски надзор над правен субјект, во својство на работодавач дека не се почитувани мерките и протоколите за заштита на здравјето на населението од вирусот Covid-19 донесени од страна на Комисијата за заразни болести.
📭По уредно поднесената претставка од наша страна, ДСЗИ одбиваше да достави одговор по истата со образложение дека Здружението треба да достави во оригинал или фотокопија полномошно од странката која пријавила прекршувања и на секаков начин се обидуваше да достави одговор односно исход од постапка, за кое ние како Здружение неколку пати укажувавме на законската обврска за оваа околност но ДСЗИ во целокупната постапка ги игнорираше нашите укажувања покажувајќи дрско и грубо самоволие како и прекршување и непочитување на Законите и позитивните прописи на РСМ.
📝На ден 11.05.2021 година ДСЗИ достави Решение со кое е отфрла Барањето поднесено од ЗЗРП Гласен Текстилец за доставување на одговор по поднесено Барање за вонреден инспекциски надзор, на чие Решението правниот тим на Здружението на ден 20.05.2021 година вложи жалба до Државната комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочна постапка.
📩 Второстепениот орган постапувајќи по жалбата поднесена од страна на Здружението на ден 21.10.2021 година донесе Решение со кое се ПОНИШТУВА Решението од страна на ДСЗИ со дадени насоки и напатствија за постапување на ДСЗИ каде на ден 25.11.2021 година по 9 месеца водење на правна “битка” добивме одговор од страна на ДСЗИ по нашата претставка.
✅Ги повикуваме институциите на Република Северна Македонија да работат во согласност со Законите и позитивни правни прописи и во корист на граѓаните, бидејќи истите се платени од нивна страна и се поставени да бидат сервис на народот. Патот до правдата во пракса е долг, но долгата правда во суштина значи неправда.