„Гласен текстилец“ со апел до работниците: Придржувајте се до мерките и прекршувањата на вашите права пријавувајте ги до нас
Време за читање помалку од минута
Почитувани работници и работнички!
Како здружение, имаме информации на заболени вработени во нашиот Штип. Апелираме да се придржувате до мерките, при евентуално прекршување на вашите права да пријавувате до нас , инспекторатот за труд.
Сите оние мерки кои ги истакнавме минатиот период , особено да внимаваме сега.
Дистанца во фирмите, автобусите, за време на паузите, редовно миење на раце и маски при превоз и при работа.
Се соочуваме со една криза и колективното здравје зависи од секој од нас. Затоа доколку не се почитуваат мерките, пријавувајте и почитувајте ги!
Ваш,
Гласен Текстилец!
Фејсбук статус на Здружението на текстилни работници „Гласен Текстилец“.
Latest posts by Редакција (see all)