Здружението Гласен Текстилец во изминатиот период неколку пати досега има испратено барања за вонреден инспекциски надзор за Брза пошта ДЕЛКО ДООЕЛ Скопје,булевар Киро Глигоров бр.4 спрат 5 1000 Скопје од чиј надзори се констатирани неправилности при работењето кај работодавачот а сега е со променето име односно Друштво за трговија и услуги ХЕЛЛО ПОСТ ДООЕЛ Скопје.
По извршен инспекциски надзор над Друштво за трговија и услуги ХЕЛЛО ПОСТ ДООЕЛ Скопје е утврдено дека истиот не исплатил бруто плати на вработените за месеците мај, јуни, јули и август 2021 година а особено загрижувачки е фактот по извршен контролен инспекциски надзор работодавачот покрај тоа што не ги исплатил заостанатите плати за горенаведените месеци продолжил со не исплата на плати и тоа за месеците септември и октомври 2021 година.
Здружението Гласен Текстилец ќе почека Државниот инспекторат за труд да ја заврши својата работа согласно Законот за инспекциски надзор, а по завршување на надзорот Здружението ќе поднесе КРИВИЧНА ПРИЈАВА против конкретниот работодавач до Основно јавно обвинителство Скопје бидејќи имаме прекршување на права од работен однос во континуитет, а ова ќе биде низа на кривични постапки против работодавачи бидејќи како Здружение бараме да имаме повисока свест кај работодавачите кога станува збор за работнички права и почитување на работникот.