КОНФЕРЕНЦИЈА НА СОНК ПО ПОВОД 1 МАЈ – МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА ТРУДОТ
На ден 29.04.2026 година, Самостојниот синдикат за образование, наука и култура на Република Македонија – СОНК одржа конференција на тема „Трудови политики и колективни договори – законска рамка, примена и предизвици“, посветена на 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот.
Конференцијата се одржа во присуство на социјални партнери, претставници на локалната самоуправа, судии, инспектори од областа на трудот, адвокати, медиуми, како и членови на СОНК.
Преку панел-дискусии беа обработени актуелни теми од областа на трудовото право, поврзани со креирањето на трудовите политики и законската рамка, како и предизвиците, проблемите и дилемите при практичната примена на колективните договори.



По завршувањето на двата панела и плодната дискусија, беа сумирани клучните поенти и беа презентирани заклучоци, кои можете да ги погледнете тука.
Настанот беше медиумски проследен, при што беа дадени изјави за медиумите од страна на претседателот на СОНК и дел од панелистите.




