СОНК го осудува неодамнешниот напад на наставничка во Аеродром
Фејсбук статус на СОНК:
Самостојниот синдикат за образование, наука и култура на Република Македонија – СОНК нај остро го осудува неодамнешниот физички напад врз наставничка во едно основно училиште во општина Аеродром.
СОНК бара од надлежните органи експресно да го решат случајот и настанот да се третира како напад врз службено лице.
СОНК упатува барање до директорите на училиштата, локалните самоуправи (општините) и Министерството за образование и наука, во рамките на нивните надлежности, да обезбедат безбедни услови за работа на вработените во училиштата.
СОНК нуди бесплатна правна помош на секој негов член и воедно ја повикува колешката да го искористи своето статутарно право на правна помош и застапување пред надлежен суд.

