- Advertisement -
НовостиПравдаСветот на работникот

Глоба во случај на докажување на дискриминација на работно место согласно Законот за спречување и заштита од дискриминација

Глоба во случај на докажување - Работник
1.11Kviews
Глоба во случај на докажување на дискриминација на работно место согласно Законот за спречување и заштита од дискриминација
Согласно Законот за спречување и заштита од дискриминација, донесен во 2020 година се предвидени казни (глоби) во случаи на дискриминација утврдени во членовите 41 и 42.
Членот 41 предвидува глоба во од 400 до 10.000 евра во денарска противредност за прекршок на правно лице за кое е утврдено од надлежен орган дека извршило дискириминација, глобата се однесува и на oневозможување на соодветно приспособување на лицата со попреченост кое е предвидено како дискриминација во самиот закон; како и оневозможување на пристапност и достапност на инфраструктурата, добрата и услугите; за сите видови на директна и индиректна дискриминација, вознемирување, виктимизација и сегрегација и тоа на следниот начин: од 400 до 1000 евра во денарска противвредност за микро трговци, од 600 до 2000 евра во денарска противвредност за мали трговци, од 800 до 10.000 евра во денарска противвредност за средни трговци и од 1.000 до 10.000 евра во денарска противвредност за големи трговци.
Глоба во износ од 400 до 2.000 евра во денарска противвредност пак ќе се изрече за прекршокот на друго правно лице, различно од споменатите. Износ од 100 до 400 евра во денарска противвредност ќе се изрече за прекршок на функционерот на државен орган, градоначалникот на единицата на локалната самоуправа или на службено лице на кое му е доверено вршење на јавно овластување, доколку извршил дискриминација. Додека пак глоба во износ од 50 до 150 евра во денарска противвредност е предвидена за прекршок на физичко лице, за кое е утврдено од надлежен орган дека извршило дискриминација.
Според членот 42 пак се предвидува глоба во износ од 3.000 до 10.000 евра во денарска противвредност која ќе се изрече за прекршокот на правното лице за кое е утврдено од надлежен орган дека извршило потежок облик на дискриминација и тоа на следниот начин: од 3.000 до 5.000 евра во денарска противвредност за микро трговци, од 4.000 до 6.000 евра во денарска противвредност за мали трговци, од 5.000 до 8.000 евра во денарска противвредност за средни трговци и од 6.000 до 10.000 евра во денарска противвредност за големи трговци.
Глоба во износ од 200 до 500 евра во денарска противвредност ќе се изрече за прекршок на функционерот на државен орган, градоначалникот на единицата на локалната самоуправа или на службено лице на кое му е доверено вршење на јавно овластување. Додека пак глоба во износ од 100 до 250 евра во денарска противвредност ќе се изрече за прекршок на физичко лице, за кое е утврдено од надлежен орган дека извршило потежок облик на дискриминација.
Тимот на Јуридика
Фото: курир