Годинешниот бонус за здравствените работници од в година ќе биде трајно зголемување, најави Бесими
Она што беше бонус за здравствените работници оваа година од следната година ќе биде трајно зголемување и истото ќе се покрива од буџетот, најави Министерот за финансии, Фатмир Бесими.
„Здравствените работници годинава добија дополнителен бонус но тие пари беа покриени од кредитот од светска банка. За в година планираме зголемување за пет проценти да стане трајно и ќе се покрива од буџетот. Тоа што беше бонус ќе биде трајно зголемување“, рече Бесими.
Во текот на оваа година за борбата со коронавирусот здравствените работници добија бонус кој беше покриен од кредит од Светска банка.

