ГОРИВАТА ПОВТОРНО ПОСКАПУВААТ – Еве по кои цени ќе се продаваат по полноќ
Регулаторната комисија за енергетика со последната одлука ги зголемвуа малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,54 отсто во однос на одлуката од 15.5.2023 година.
– Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 1,182 отсто, кај дизелот за 1,847 проценти, кај екстра лесното масло за 1,231 отсто и кај мазутот зголемувањето е за 0,571 проценти – се потенцира во соопштението од регулаторите. Од РКЕ додаваат дека курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 1,072 отсто.
Од 23.5.2023 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 78,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 80,50 (денари/литар)
Дизел гориво EУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 69,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 67,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС – 39,433 (денари/килограм)