Готвачите добиваат бенефициран стаж
Италијанскиот министер за земјоделство и прехрамбен суверенитет Франческо Лобриџа најавил нов предлог закон кој на италијанските готвачи би им овозможил бенефициран работен стаж, нешто што италијанската Федерација на готвачи со години го бара.
Тие аргументираат дека готвачката работа е еднакво психофизички изискателна како речиси сите занимања кои сега се на италијанската листа на професии со бенефициран стаж, од рудари и нуркачи до болничари, пренесува Индекс.
На доделувањето на наградата Albo d’Oro Federcuochi, одржано во Застапничкиот дом на италијанскиот парламент, рекол дека сака да го промени статусот на готвачите во Италија, како и дека ќе разговара со министерката за труд за нивната „исклучително изискателна работа која мора чесно да биде признаена“.
Додавањето на готвачите на листата на занимања со бенефициран стаж во Италија би значело дека оние кои работат во кујна ќе одат во пензија на 63 години и 36 години работен стаж, а државата ќе им исплаќа максимално 1,500 евра месечно бруто додека не стекнат услови за старосна пензија (67 години).
Извор: b92.net
Фото: Shutterstock/Drazen Zigic
- Неделков: Некои работи не се забораваат така брзо и лесно! - 17/04/2025
- ЛЕГЕНДАТА НА ГЕРМАНСКАТА АВТОИНДУСТРИЈА ОДИ ВО БАНКРОТ: Ги затвараат сите филијали по 92 години работа - 17/04/2025
- КРИМИНАЛНА ШЕМА ВО ХРВАТСКА: Над 100 странци вработени со фалсификувани документи, меѓу нив и Македонци - 17/04/2025