- Advertisement -
Правда

Градоначалничката Петровска на средба во Здружението на пензионери од Битола

96views

Во просториите на Здружението на пензионери од Битола, се одржа работна средба на градоначалничката Наташа Петровска и претставници на Здружението на пензионери од Битола, според сите потребни здравстени протоколи и соодветно растојание.

Претседателот  Здружението на пензионери Томе Димитровски, посочи дел проблемите со кои се соочуваат пензионерите, при тоа изложувајќи дел од барањата  во кои можат да добијат поддршка од Општина Битола. Тој во име на пензионерите  ја истакна заложбата за поголем број на пензионерски клубови, кои би се отвориле во одредени урбани заедници. Исто така, беа посочени и одредени натамошни активности во насока на подобрување на социјалниот живот на пензионерите, како и акциите во кои што учествува Здружението на пензионери со своја помош, истакнувајќи ја и компонентата на општествената одговорност.

Advertisement

Од своја страна, градоначалничката Петровска посочи дека Општина Битола постојано ги поддржува активностите на Здружението на пензионери, особено нивните општествено одговорни акции и помош до категориите на граѓани и нституции, на кои што таа секогаш им е добредојдена. На средбата беа договорени конкретни натамошни чекори за реализација на заеднички проекти.

Advertisement

Advertisement
Advertisement