- Advertisement -
Новости

Град Скопје доби 60 нови контејнери за одлагање на стаклената амбалажа

Град Скопје доби 60 нови контејнери - Работник
152views

„Денес потпишавме договор за примопредавање на 60 нови контејнери за депонирање на отпад од стаклено пакување, што Град Скопје ги доби како донација во рамките на учеството во регионалниот проект „Управување со стаклена амбалажа на Западен Балкан”. Всушност само од овој Проект, градот Скопје обезбеди вкупно 122 контејнера за стакло, имајќи ги во предвид и 62-та контејнера кои ги распоредивме пред неколку месеци. Со тоа, Град Скопје стана еден од шесте единици на локална самоуправа во нашата земја, опфатени со овој Проект (Битола, Гевгелија, Илинден, Штип и Тетово) и еден од 14-те градови и општини од трите земји учеснички: Северна Македонија, Србија и Босна и Херцеговина. Чувствувам голема одговорност, но истовремено и благодарност до ГИЗ, ЗЕЛС и ПАКОМАК, кои се имплементатори на проектните активности  за нашата земја, за укажаната доверба.“

Ова го истакна Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, при свеченото потпишување на договорот што беше организирано на 16 март, 2021 година, во претоварната станица Карпош. Тој ги повика граѓаните да се вклучат масовно и сите шишињата, теглите, стаклените пакувања од детска храна, козметика и друг вид ваков отпад што ги имаат во своите домови, да го фрлаат само во овие специјализирани контејнери. Шилегов рече дека градот во континуитет ја надополнува инфраструктурата на контејнери за селекција на отпад и тоа не само за стакло туку и  за хартија и за пластични шишиња и така ќе продолжи и во иднина. Своето обраќање го заврши апелирајќи до граѓаните со слоганот на Проектот -,,Ѕвончето повикува за рециклажа на стакло“

Договорот го потпиша и директорот на ЈП Комунална Хигиена Скопје, Абдусамед Шабани како и донаторот – Германското друштво за интернационална соработка преку Отворен Регионален Фонд за Југоисточна Европа – Модернизација на општински услуги ( ГИЗ ОРФ ММС). Директорот Шабани посочи дека комуналното претпријатие како нов сопственик на овие контејнерите ќе се грижи за нивно одржување и ќе ги реализира сите потребни активности за исполнување на резултатите од Проектот и ги повика граѓаните но и угостителите, стаклената амбалажа да ја ставаат во овие зелени контејнери. Шабани нагласи дека со тоа ќе се обезбеди повеќе простор за комунален отпад во другите контејнери, ќе се намали отпадот на Дрисла, градот ќе добие поубав изглед , а граѓаните  почиста животна средина .

Претставничката од Германското друштво за интернационална соработка (ГИЗ) Александра Караевска-Димовска говореше за целите на проектот. Таа нагласи дека главната цел е воспоставување на економски вредносен синџир на рециклирање стакло во регионот. Во таа насока се реализираат низа активности, меѓу кои: поставување на соодветна инфраструктура на контејнери за одложување на стаклото во пилот-општините; спроведување на кампања за едукација на населението за важноста од селектирање на стаклото; зголемување за 20% на собраните количини на стакло; потоа спроведување на обука за јавните комунални претпријатија  и  развивање на три бизнис модели за општините (урбан, рурален и ХОРЕКА ) што во следниот период ќе послужат како урнек за успешно управување со отпад од стакло.

Пред присутните се обрати и директорката на ЗЕЛС, Душица Перишиќ, која  информираше дека преку Проектот во шесте единици на локална власт во нашата земја се обезбедени вкупно 320 контејнери за селекција на стакло. Град Скопје добива 122 контејнери, Штип- доби 60 контејнери; Тетово -45; Битола -40; Илинден -28 и Гевгелија -25 контејнери, односно обезбедивме вкупно 320 контејнери.  Таа нагласи дека подршката од населението е многу важна за реализација на целиот проекти во таа насока истакна само неколку аргументи зошто стаклото треба да се селектира. Односно посочи дека за да се распадне стаклото,  потребни му се повеќе од 5.000 години, а со рециклирање само на едно стаклено шише се заштедува енергија доволна за светилка од 100 вати да свети четири часа, или компјутерот да може да работи 25 минути.

Проектот „Управување со отпад од пакување од стакло во Западен Балкан“ е финансиран од Сојузното министерство за економска соработка и развој на Германија (BMZ) и компанијата ПАКОМАК (Македонија), во рамки на програмата за соработка со бизнис секторот DeveloPPP.de. Оваа програма (DeveloPPP.de) на