- Advertisement -
ПравдаСветот на работникот

Грешки при толкување на Законот за работни односи

Грешки при толкување - Работник
562views
РУБРИКА ЗА ТРУДОВО И СОЦИЈАЛНО ПРАВО
Трансформацијата на работниот однос од определено на неопределено време е уредена со членот 46 од ЗРО.
Ставот 3 на членот гласи:
“Работниот однос заснован со договор за вработување на определено време, освен договорот за вработување за вршење на сезонска работа, се трансформира во работен однос на неопределено време, ако работникот продолжи да работи по истекот на рокот од ставот (1) на овој член, под услови и на начин утврдени со закон”.
Прашање од ПРАКСАТА е како се трансформира работниот однос, што треба да се направи, дали по автоматизам се случува трансформација?
ТОЧНО е дека ЗРО не предвидува посебни услови за трансформација освен протек на максимум 5 години, но ПОТРЕБНО Е работдавачот да донесе Одлука за трансформација на работниот однос и потоа да се склучи Анекс на договорот за вработување. На крај истото се нотира во АВРМ.
ПОГРЕШНО Е да се смета дека работникот иако продолжил да работи по истекот на 5-те години од работниот однос на определно време, работниот однос не му се транформирал бидејќи нема одлука и анекс. Работниот однос се трансформира, но има формален недостаток, и доколку работодавачот не сака по трасформацијата формално да ја заокружи постапката, тогаш работникот може да побара надлежниот Суд да ја констатира фактичката состојба и да го надополни формалниот недостаток со пресуда.
ПОГРЕШНО Е толкувањето и судската пракса дека вработениот може по истекот на времето за кое е заснован работниот однос (5 години) да се премести на друго работно место и повторно 5 годни да работи на определено време кај истиот работодавач.
СОВЕТ: секогаш носете формални одлуки за трансформација на работниот однос, или пак за престанок на работниот однос по истекот на времето за кое е заснован.
проф. д-р Лазар Јовевски

РУБРИКА ЗА ТРУДОВО И СОЦИЈАЛНО ПРАВО

Трансформацијата на работниот однос од определено на неопределено време е уредена…

Posted by Проф. д-р Лазар Јовевски on Monday, December 7, 2020