- Advertisement -
МакедонијаНовостиПравдаСветот на работникотСиндикат

Грнчароска: Се‘ уште има медиумски работници кои се плашат синдикално да се организираат

Грнчароска - Работник
383views

Почитување и унапредување на работничките права на новинарите и медиумиските работници, беше темата на денешниот вебинар со наслов „Зошто и за што работиме“ кој го организираше Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници – ССНМ. 

На вебинарот свое обраќање имаше новинарката и член на ССНМ, Тамара Грнчароска, која посочи дека се‘ уште има битки коишто синдикатот треба да ги води за да ги унапреди правата на медиумските работници, нагласувајќи дека има промени, за разлика од порано кога нивните права речиси и да не постоеле. 

Правата на медиумските работници, објасни Грнчароска, се подобро регулирани во поголемите медиуми, како националните телевизии, притоа потенцираше дека потребна е дорегулација во порталите и локалните медиуми. Таа појасни дека состојбата е потешка кај порталите со оглед на фактот дека имаат мал број на вработени, а еден од нив е и сопственикот на порталот. 

Се‘ уште има медиуми каде што вработените се плашат синдикално да се организираат, најчесто поради притисоци од самите работодавачите, рече Грнчароска, надполнувајќи дека на работодавачите не им одговора кога работниците се организирани. 

Еден од најгорливите проблеми, според неа, е регулирањето на годишните одмори, регресот за годишен одмор, кој некаде се исплаќа, а некаде по исплаќањето се враќа. 

„Постојат и случаи, каде им се намалува плата, но и случи каде за да им се исплати регрес, следниот месец им се намалува платата, за да се намали трошокот кој го имала фирма за да го исплати регресот“, рече Грнчароска.