Дали грчката шестдневна работна недела може да биде модел?
Додека некои земји експериментираат со намалени работни часови во неделата, Грција се одлучи за шестдневна работна недела. Владата се надева дека така ќе се надополни недоволниот број работници. Дали тоа ќе функцонира?
За повеќето од луѓето трудовото право може да биде здодевно. Но, кога некој ќе предложи да се работи цел еден ден дополнително, тогаш почнува да се обрнува внимание.
Во Грција од 1 јули стапуваат на сила новите прописи кои го овозможуваат тоа.
Од тој ден, сите компании можат да понудат договори за шест работни дена во неделата, со што нормалната работна недела од 40 часа може да стане 48 часа. Претходно, таквата опција беше отворена само за неколку бранши, како што се гастрономијата и туризмот.
Теоретски, вработените можат да изберат да работат повеќе ако компаниите решат да останат отворени подолго. Секој што ќе работи повеќе ќе биде дополнително платен.
Владата вели дека новите правила ќе ја поедностават администрацијата, ќе им дадат на вработените повеќе права, ќе го намалат пробното време на работа на шест месеци и ќе ја „осветлат“ работата на црно. Не само тоа, туку тие треба да помогнат и да се пополнат дупките на пазарот на квалификувана работна сила. Синдикатите и многу работници стравуваат од најлошото. Дали ова може да биде пример за другите земји?
Повеќе на Дојче Веле
- КАКО ДО ГЕРМАНСКА СТУДЕНТСКА ВИЗА: Зголемен е износот кој студентите мораат да го уплатат на сметките, но има и алтернативи. Ова се условите - 06/11/2024
- Ако од 2025 година го одложите пензионирањето во Германија, ќе ви исплатат дарежлив бонус - 06/11/2024
- Ментално здравје и работната средина: Стресот најизразен во токсичните работни средини - 06/11/2024