Дали е вистина дека ќе се зголеми старосната граница за пензионирање: Портпаролката на Владата ги демантираше шпекулациите
Портпаролката на Владата, Марија Митева ги демантираше шпекулациите за зголемување на старосната граница за пензионирање. Митева изјави дека прв приоритет на владата е да се покачат пензиите за 5000 денари, а за тоа има и соодветна методологија. Покачување на границата за пензионирање не е владина мерка, ниту најава.
Старосната граница за пензионирање останува иста и засега нема никакви индиции истата да се зголеми. Вака портпаролката на владата ги опишува шпекулациите во јавноста дека наскоро ќе се зголеми границата за пензионирање.
Имено, во текот на деновиве ден низ јавноста проциркулира информација дека границата за пензионирање ќе се зголеми и граѓаните ќе одат во пензија на 67 години. Мерката низ медиумите беше најавена како од Фискалниот совет за спасување на Пензискиот фонд на Македонија, но сепак Владата, барем засега, не размислува за ваква мерка да се зголеми старосната граница.
Не е владина мерка, ниту најава
Дупката во Фондот за пензинско нема да се пополнува со зголемување на границата за пензионирање. Марија Митева вели дека во овој момент зголеување на старосната граница не е во план на Владата. Од Владата се посветени на подобрување на условите за пензионерите во државата. Така за само девет месеци власт на ВМРО-ДПМНЕ пензионерите ќе имаат поголеми пензии за 5000 денари.
Митева изјави дека прв приоритет на владата е да се покачат пензиите за 5000 денари, а за тоа има и соодветна методологија.
Целта на владата е стабилизација на економијата, инвестиции за стабилен систем на долг рок.
Ќе ги разгледаме сите состојби како да имаме еден стабилен систем. Во овој момент, не се размислува за предлогот на Фискалниот совет, посочи Митева.
Зголемување на границата за пензионирање во Србија
Ваквите најави доаѓаат по почакувањето на границата за пензионира во соседна Србија. Таму од први јануари следната година ќе важат нови правила со кои услов за пензионирање кај жените ќе бидат 63 години и 10 месеци, наместо сегашните 63 години и 8 месеци.
Мерката во Србија наиде на голем број критики. Од таму посочуваат дека тенденцијата е мажите и жените да ја изедначат старосната граница за пензионирање, а треба да се прави и разлика меѓу старосна пензија и предвремена старосна пензија.
- Неделков: Некои работи не се забораваат така брзо и лесно! - 17/04/2025
- ЛЕГЕНДАТА НА ГЕРМАНСКАТА АВТОИНДУСТРИЈА ОДИ ВО БАНКРОТ: Ги затвараат сите филијали по 92 години работа - 17/04/2025
- КРИМИНАЛНА ШЕМА ВО ХРВАТСКА: Над 100 странци вработени со фалсификувани документи, меѓу нив и Македонци - 17/04/2025