МакедонијаПравдаСветот на работникотСиндикат

Дали здравствениот кадар, полицајците и војниците се доволно заштитени?

Дали здравствениот кадар - Работник
162views

Црвениот аларм светна откако заразата се појави и кај луѓе кои се здравствени работници, полицајци, но и припадници на армијата..

Здравствените работници им се потребни на граѓаните повеќе од било кога до сега, велат од самостојниот синдикат за здравство фармација и социјална заштита. Од таму апелираат до менаџерските тимови на сите здравствени установи максимално да се придржуваат на мерките за превенција, особено за оние вработени кои се во дирктен контакт со пациентите.

Дел од лекарите пак сами се снаоѓаат при набавката на маски и дезинфекциски средства, велат од Здружението на матични лекари.

Полицајците  се оние кои ги спроведуваат мерките, како полицискиот час и  задолжителниот карантин и самоизолација, но дел се и на терен во кризните подрачјапоради што се во директен контакт со граѓани меѓу кои има и потенцијално заболени.Од Македонскиот полициски синдикат велат дека полицајците не се доволно заштитени и апелираат до МВР да им ги обезбедат основните средства. Од синдикатот се заблагодаруваат и на неколку македонски компании кои се вклучиле во изработка и донација на маски за полицијата, објави Канал 5.

Целосниот текст прочитајте го тука