- Advertisement -
ЕкономијаМакедонијаМакедонијаНовостиСветот на работникот

Дали истекувањето на договорите на определено треба да се смета за намалување на работници?

Дали истекувањето на договорите на определено - Работник
594views

Премиерот Зоран Заев најави дека ќе има и петти сет на мерки за помош на стопанството, за кои ќе Владата ќе има консутации со коморите, здруженијата на работодавачи и синдикатите. 

„Една милијарда и сто и педесет милиони евра се поделени пари по сите основи, кои досега ги развивме како пакети и продолжуваме понатаму. Им се помогна на категориите, активни баратели на работа, вработени со плата до 15.000 денари, младите, студентите кои добија ваучери, картички и слично“, рече Заев.

Димитров: Новиот сет на мерки треба да ги содржи и критериумите – изгубени работни часови 

Ангел Димитров од Организацијата на Работодавачи на Македонија за порталот Работник вели дека со петтиот сет на мерки треба да продолжат грантовите, бескаматните кредити, државните гаранции и помошта на граѓаните со ниски примања, посочувајќи дека нема никакви забелешки за наведените мерки. 

Финансиската помош за исплата на плати, вели Димитров, беше значителна за компании кои ги исполниле условите и најголемиот број од нив успеаја да ги задржат вработените, што, како што вели тој, беше главна цел на помошта. 

Нагласува дека останале неколку дилеми за критериумите кои смета дека биле престроги. Тој го посочува примерот со оние работници чии договори биле на определено време и истите им истекле и вели дека тоа се смета за намалување на работниците, па поради тоа компаниите, на чии работници им истекле договорите на определено работно време, не добиле помош за исплата на плати.

„Некои од нив, иако во месец ноември беа целосно затворени, за да можат да ја добијат помошта мораа да ги вратат вработените на кои им беше истечен договорот на определено работно време во месеците септември или октомври. Нивната обврска да ги задржат вработените ќе трае до крајот на фебруари 2021 година. Големо прашање е: дали по истекот на оваа обврска тие нема да ги напуштат повторно овие вработени на определено работно време? Се разбира ова ќе зависи од тоа дали ќе имаат потреба од истите“, вели Димитров. 

Смета дека и во текот на 2021 година, барем во првите три месеци ќе продолжат негативните тенденции кај одредени сектори и компании. Некои од нив, како што вели Димитров, најавуваат дека по 15-ти јануари остануваат без нарачки, бидејќи странските партнери ги имаат наполнето магацините со стоки кои воопшто не се продаваат.

Истакна дека поради тоа ќе биде неопходно да се креира нов сет на мерки кој во себе ќе ги содржи и критериумите – намалени приходи, но и критериумите – изгубени работни часови. Само така, вели, мерките ќе бидат по правични и ќе може да опфатат поголем број на компании.

Што ќе предложат синдикатите?

Од Сојузот на синдикати на Македонија бараат мерката за исплата на плата да продолжи, но парите да се пуштаат директно на сметките на работниците, па поради тоа побараа од УЈП да набави софтвер што ќе го овозможи тоа. Тие за Вечер открија дека заедно со Сојузот на Стопански комори ќе предложат нова мерка за угостителите.

Најава за нови мерки и за најпогодениот сектор од пандемијата од Ковид-19 

И Министерот Крешник Бектеши неодамна најави дека ќе има нови мерки за помош на туристичко – угостителскиот сектор. Тој рече и дека ќе бидат вклучени и синдикатите или претставниците на работниците од овој сектор, во консултациите за изработка на мерките.

Неговата изјава беше средечно прифатена од Синдикатот за угостителство и туризам, од каде посочија дека и тие како работници можат да дадат свој придонес во креирањето на мерките. 

Бобан Илијевски