МакедонијаПравдаСветот на работникот

Први за вакцинирање ќе бидат здравствените работници и хронично болните

Кога ќе пристигнат ваквините тие ќе бидат распоредени по протоколот,изјави во вечерашното гостување во „Само вистината“ премиерот Зоран Заев.

Очекувам во март следната година ќе биде месец на вакцинирањето. Ние утврдивме дека 417.000 вакцини тогаш ќе пристигнат и ќе започнеме со процесот. На нашетото население му треба вакцинизацијата бидејќи тогаш се очекува да запре и ширењето на вирусот на светско ниво. Затоа сме предвиделе се, сме ги презеле сите протоколи за потребите на граѓаните. Ги прифаќаме сите докации од нашите пријателски земји за вакцини. Но, нам ни беше многу важно да бидеме спреми кога тие ќе пристигнат, изјави во вечерашното гостување во „Само вистината“ премиерот Зоран Заев.

Здравствените работници и хронично болните први ќе ја добијат вакцината против коронавирусот. Кога ќе пристигнат ваквините тие ќе бидат распоредени по протоколот – изјави Заев.