- Advertisement -
НовостиПравдаСветот на работникот

Дали може со закон да се ограничат веќе постоечки права предвидени со колективен договор?

Дали може со закон да се ограничат - Работник
300views
РУБРИКА ЗА ТРУДОВО И СОЦИЈАЛНО ПРАВО
Тема: Дали може со закон (нов или измена на постоечки) да се ограничат веќе постечки права предвидени со колективен договор?
Инспириран од Начелното правно мислење на Врховниот суд на Македонија донесено на 14.12.2020 година, а во врска со Одликата на Уставниот суд У.бр.120/2019 од 23.09 2020 година, со која се укинува членот 52 од Колективниот договор за работниците во Јавното претпријатие за стопанисување
со (македонски) шуми, потребно е да се земе следното во предвид:
Начелното правно мислење гласи – „Ако за време на важењето на колективен договор на ниво на работодавач се донесе закон со кој определените права на органот на управување на јавното претпријатие утврдени во колективниот договор се ограничуваат, во однос на тие права се применува законот.“
Согласно членот 12 од ЗРО, членот 3 од Законот за вработените во јавниот сектор и членот 37 од Законот за јавните претпријатија, неспорно е дека со колективен договор може да се уредат и доуредат поголем обем на права за вработените. Но, прашањето е дали со колективен договор може да се уредуваат прашања поврзани со управувањето на претпријатието, односно надлежностите на директорот. Одговорот е НЕ! Тие прашања се уредуваат со Статут, Закон и со интерни акти на работодвачот. За тоа не се води социјален дијалог. Но, доколку со колективен договор се утврдат поголеми права за вработените кои воедно управуваат со јавните претпријатија, тогаш може со колективен договор да се утврдат поголеми права поврзани со работниот однос!
ПОГРЕШНО Е да се смета дека колективните договори можат во сите аспекти да ги заменат интерните акти кои треба да ги донесе работодавачот (или државата)!
ПОГРЕШНО Е да се смета дека со колективен договор не може да се уредуваат права од работен однос за управувачкиот тим на јавното претпријатие, односно директорот и членовите на управниот одбор ако се во работен однос со договори за вработување согласно ЗРО, како и утврдување на плата и надоместоци на плата за останатите вработени!
ПОТРЕБНО Е да се прави разлика во трудово-правниот статус на директорите кои се во работен однос во Јавното претпријатие и оние кои се со типични МЕНАЏЕРСКИ ДОГОВОРИ без засновање на работен однос. Кај овие, НЕ МОЖЕ со колективен договор да се уредуваат права од работен однос!
ДИРЕКТОРОТ може во преговори (со синдикатот) преку колективниот договор да се согласи за поголема исплата на плата на вработените (повисока вредност на бод) при што потребна е согласност од основачот на претпријатието, т.е Владата заради практична имплементација на колективниот договор, а за административните службеници, Владата е таа која ја определува висината на бодот еднаш годишно! Ова не важи ако се располага со сопствените приходи на јавното претпријатие!
СМЕТАМЕ дека се потребни законски измени, но и поинакво разбирање на социјалниот дијалог, каде со колективните договори на ниво на работодавач во јавниот сектор непречено ќе може да се преговара за висина на плата и другите надоместоци и додатоци на плата!
проф. д-р Лазар Јовевски

РУБРИКА ЗА ТРУДОВО И СОЦИЈАЛНО ПРАВО
Тема: Дали може со закон (нов или измена на постоечки) да се ограничат веќе…

Posted by Проф. д-р Лазар Јовевски on Monday, March 15, 2021