- Advertisement -
ЕкономијаМакедонијаНовости

Дали покачувањето на цената на маслото за јадење ќе предизвика ценовен шок?

За еден месец маслото поскапе - Работник
745views

Маслото за јадење за краток период достигна цена од 100 денари. 

Економските аналитичарии очекуваат дека покачената цена на маслото, ќе придонесе за да се покачат цените и на другите производи на пазарот, особено на преханбените. 

Во секој случај очекуваат и најмалиот скок на цената да влијае врз куповната моќ на потрошувачите, особено во време на пандемијата кога голем дел од нив се со намалени примања или пак се без работа.

ССМ пресмета дека на едно четиричлено семејство за да го помине месецот му требаат над 33 илјади денари од кои само 15 илјади за храна и пијалоци.