Дали работниците ќе бидат повторно изоставени и од петтиот пакет мерки?
КСС го поздравува предлогот на Владата да се дадат бескаматни кредити, со грејс период од 12 месеци и враќање во рок од 3 години. Ја поддржуваме оваа мерка бидејќи нема да се доведеме повторно во ситуација компаниите да ја користат држаната помош за сопствено богатење, велат од Синдикатот за порталот Работник.
Претседателот на Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија Благоја Ралповски вели дека КСС ја поддржува оваа мерка.
Порталот Работник побара став од Конфедерцијата на слободни синдикати за состанокот којшто денеска се одржа на Економско – Социјалниот совет каде што се разговараше за петтиот сет мерки.
Од КСС истакнаа дека во делот на петтиот сет мерки ги нема повторно оние коишто ги изгубија работните места за време на Ковид кризата и дека од нивна страна е побарано да се опфатат и тие работници.
Од синдикатот посочија и дека било побарано да се ослободат сите невработени, не само од каматите кои ги долажат на јавните комунални претпријатија и на државата, туку и да се откажат долговите во делот на режиските трошоци, затоа што, како што велат, работниците не по своја вина ја изгубија работата.
Од КСС на ЕСС укажале дека треба да се помогне на сите работници, од причина што, според нив, многумина биле излажани и ги изгубиле своите работни места со потпишување на спогодбени договори и со тоа немаат никакви примања од државата, како отпремина, па затоа овие, околу 50,000 работници, останаа без никаков приход во овие тешки месеци.
„Конфедерацијата на слободни синдикати ја повика и Управата за јавни приходи, во најбрз можен рок да се направи ревизија на компаниите коишто не го исплатиле својот долг и земале државна помош, а не ја исплатиле на работниците, велат, не само да им се блокираат сметките, туку и да се повлечат парите, затоа што казните коишто се од 500 до 1,000 евра за микро компании, од 500 до 2,000 евра за мала и од 1,000 до 6,000 за средни, се многу мали во однос на тоа колку имаат земено државна помош“
Велат дека се работи за 179 компании, чии работници не го почувствува економскиот благодет.
Од КСС укажаа и на статиските на последниот сет мерки, за октовмри, ноември и декември, дека државата има исплатено помош за 61,000 плати. Велат дека ова кога ќе се подели на 3 месеци, доаѓа дека се исплатени по 20,000 плати, како помош на компаниите, на месечно ниво, во последните 3 месеци. Нагласуваат дека доколку се одземе бројот на компаниите кои не ги исплатиле платите кон работниците, ќе се дојде до многу мал број на работници коишто успеале да го задржат работното место во однос на помош за плати во последниот сет мерки.
КСС го поздравува предлогот на Владата да се дадат бескаматни кредити, со грејс период од 12 месеци и враќање во рок од 3 години, наместо поддршката за исплата на плати. Ја поддржуваме оваа мерка бидејќи нема да се доведеме повторно во ситуација компаниите да ја користат држаната помош за сопствено богатење, велат од Синдикатот за порталот Работник.
„Во овој дел треба да се обрне големо внимание на сериозно помагање на работниците и на оние коишто немаа приходи и треба државата да биде сериозна за да може овие работници кои дел од нив го прележаа коронавирусот, чиешто лекување е многу скапо, да можат да опстанат“, заклучија од КСС.
Претседателот на Организацијата на работодавачи на Македонија, Ангел Димитров, по завршувањето на средбата, за „Слободен печат“ изјави дека за нив ова е огромно негативно изненадување, затоа што помошта за плати е најважната мерка.
Не е соодветно да се замени финансиската помош за плати од по 14.500 денари за кредит, па макар тој да е и без камата. Тоа е мерка која за нас беше најважна за опстанок на бизнисот и за задржување на вработените. Не држат аргументите на Владата дека тоа е многу скапа мерка. Таа треба само да се модифицира. Затоа, предлогот на Организацијата на работодавачи е финансиска помош на плати да не се дава на сите со намален приход, туку само на оние кои се на принуден одмор затоа што немаат работа, на оние кои работат помалку часа, односно да се субвенционираат нереализираните работни часови-вели Димитров, за Слободен печат.
Бобан Илијевски

