Дали сабота ви е работен ден или работите прекувремено?

Дали сабота ви е работен ден или работите прекувремено?
Согасно закон, работното време во Република Македонија за една недела треба да изнесува 40 работни часа. Недела е ден за неделен одмор.
Доколку денес работите прекувремено, согласно Закон работодавачот треба да ви ја зголеми основната плата по час за 35 %.
Работодавачот има обврска да води посебна евиденција за прекувремената работа и часовите за прекувремената работа посебно да ги наведе во месечната пресметка на платата на работникот. За секое воведување на прекувремена работа работодавачот треба претходно писмено да го извести подрачниот државен инспектор на трудот.
Тимот на Јуридика