- Advertisement -
ЕкономијаМакедонијаНовостиСветот на работникот

Да продолжи мерката со исплата на плати, но со платени придонеси и таа да изнесува 21,000 денари

Да продолжи мерката со исплата на плати - Работник
343views

Туризмот е еден од најпогодените сектори од пандемијата од Ковид – 19. Туристичките работници оваа сезона можеа само да се потпрат само на домашните туристи, бидејќи беа затворени границите. Владата во четирите пакети на мерки предвиде помош и за нив, меѓу која беше исплатата на минималната плата и ваучерите за туризам.

Претседателот на Стопанската комора за туризам на Македонија, Димитар Кашиков за порталот Работник вели дека кризата која се појави на почетокот на 2020 година како резултат на Ковид 19 доведе до прогласување на глобална пандемија од страна на Светската Здравствена организација, а со тоа речиси секаде се ограничи движењето на луѓето низ голем број дестинации.

Секако прв на удар е туризмот,но  сеуште е рано да зборуваме за тоа колку време е потребно да закрепне овој сектор. Наше мислење но и по препорака од Светската туристичка организација при Обединетите нации UNWTO, која е најзначана светска орагнизација и истата го  третира секторот туризам и угстителство на светско ниво, е дека 2022 година би бил оптимален период за рестартирање на туризмот, а за целосно закрепнување многу подоцна.

Вели дека со оглед на тоа дека прв на удар бил туризмот, се уште е рано да се зборува за тоа колку време ќе биде потребно тој да закрепне. 

„Наше мислење, но и по препорака од Светската туристичка организација при Обединетите нации – UNWTO, која е најзначана светска орагнизација и истата го третира секторот туризам и угстителство на светско ниво, е дека 2022 година би бил оптимален период за рестартирање на туризмот, а за целосно закрепнување многу подоцна“, вели Кашиков.

На прашаењето на Работник колку досегашните мерки му помогнаа на секторот туризам, Кашиков вели дека во овој тежк период за секторот, секоја мерка што ќе биде во интерес за неговор подборување е добредојдена. 

Според него, едни од поуспешните мерките се покривањето на платите за вработените, но и актуелната мерка којашто сеуште не е финализирана за добивање на неповратен грант која ќе им помогне на компаниите да салдираат дел од тековните трошоци.     

Кашиков истакна дека треба да продолжи мерката за помош на плати со уште 3+3 месеци, но не на најниската плата, туку со платени придонеси и истата да биде во износ од 21,000 денари. Преку поддршка на бизнис секторо и даночни ослободувања, да се помогне и на останатите компании коишто се непосредно повразни со овој сектор (превозните кои обавуваат исклучиво превоз на туристи. Континуирано да се помага секторот преку намалување на бариерите за патување и олеснување на процедурите, зголемен буџет за промовија и развој на туристичките производи во нашата земја.

Посочи дека немаат точни податоци за тоа колку работни места во секторот туризам се изгубени, но, вели Кашиков, дел од компаниите тешко ќе го издржат товарот ако пандемијата се продолжи и во наредните 6 месеци, односно до средината на 2021 година, поради тоа што истите имаат финансиски обврски кои ги презеле пред пандемијата. 

За потсетување, Министерството за економија најави дека ќе има нови мерки за поддршка на овој сектор, но останува да се види кога ќе ги открие, како и кога ќе започна да се реализираат.

Бобан Илијевски