КолумниНовости

Да се надеваме дека нема да дојде време државата да плаќа субвенции на странци за да ја населат Македонија

   Време за читање 1 минута

300,000 работници ја напуштиле Хрватска од влегувањето во Европската унија. Според демографите и економистите, подоброто образование им овозможува полесно и побрзо да се интегрираат низ државите од ЕУ. Истите сметаат дека трендовите на иселување нема индикации дека ќе се променат.

Ова не чека и нас. Не дека луѓето и сега нѐ се иселуваат, но по влегувањето во ЕУ, кога и да биде тоа, тој тренд ќе добие замав од големи размери. Впрочем, минатата година анализата на ОЕЦД ни го потврди тоа. Според истата, околу 700,000 Македонци или околу четвртина од населението денес живее надвор од државата. Миграцијата од Македонија, во последнава деценија, се зголемила за пет пати во ЕУ. Само во Германија, според податоците на Евростат, во 2019 биле регистрирани над 102,000 македонски државјани. Да не зборуваме за оние кои уште од осамостојувањето на државата се заминати во Австралија, САД и Канада.

Пополека, но сигурно, Македонија се празни. Се ближи времето кога и државава, како што тоа веќе го прави Италија за миграција во селата, да дава субвенции на странци за да ги населат македонските градови, за да има кој да работи во стопанството.

Јас не би сакал во ниеден случај да дојде до ова сценарио, но како што стојат работите, одиме во таа насока.