Исплатени субвенциите за за фармерите кои имаат обележани грла говеда, кози, како и за сите фармери кои задржале женско јагне
Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денеска на сметките на 11,785 субјекти се исплатени близу 617,6 милиони денари субвенции. Исплатените субвенции се за фармерите кои имаат обележани грла говеда, кози, како и за сите фармери кои задржале женско јагне.
Исто така со оваа исплата префрлени се и средства за 206 тутунопроизводители во износ од 11.4 милиони денари, кои заради неподмирени долговите за вода и пашарина не беа исплатени.
Во наредните денови се очекува да се исплатат субвенциите за засеани површини со сертифициран семенски материјал, а ќе следи и исплата на субвенции и за пчеларство.

