Движењето за социјална правда „Обединети Работници“ се приклучува на протестот на КСС
Изминатиов период сме сведоци на брутално кршење на основните работнички права, а особено во делот на минималната плата, нешто што секојдневно е предмет на политички игри и манипулации.
Имено, проблемот со минималната плата е одамна детално елабориран од страна на организациите и синдикатите кои што се суштински навлезени во оваа материја, а особено КСС, на чело со претседателот Благоја Ралповски, но и покрај тоа – законодавецот ги игнорираше експертските совети!
Тоа доведе до она кое што сите ние се обидувавме да го спречиме – селективно уживање на правата на работникот! Најдобар пример се вработените во јавниот сектор, луѓе кои и покрај законското покачување на мининалната плата, сепак добиваат далеку пониска од неа!
Поради тоа, приморани сме да реагираме и да го искажеме нашиот револт – најпрво со протести и штрајкови, а ако е потребно и далеку по екстремни чекори, се со цел да нема кршења на основните работнички права.
Затоа, Движењето за социјална правда ,,Обединети работници” дава целосна и безрезервна поддршка на иницијативата покрената од страна на КСС, со што ќе бидеме дел од протестот на 30.03.2022 (среда) со почеток во 15:30, пред Собрание на РМ.
Воедно ги повикуваме сите работници, незвисно од политичка, верска, етничка и останата припадност, да дадат свој придонес, затоа што никој друг освен самите ние нема да ја води оваа битка.

