Економија

Македонија лани имала најнизок животен стандард во Европа, според Евростат

Според податоци што ги објави Евростат, Македонија лани имала најнизок животен стандард меѓу европските земји. 

Индексот на Македонија изнесува 49,7, при што просекот на Европската Унија е поставен на 100.

Тоа значи дека реалната потрошувачка по жител во земјата е на околу половина од просекот на ЕУ, што го позиционира македонскиот животен стандард на последното место во споредбата.

Податоците покажуваат дека пред Македонија се наоѓаат Турција, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Србија и Албанија, што ја прави земјата со најниска реална индивидуална потрошувачка во Европа според ова мерење, но се потенцира дека ова се проценети податоци за Македонија.