
Дебарските исселенци во САД,кои редовно помагаат во родниот крај, сега својата поврзаност ја покажаа и во обезбедувањето таблет компјутери за учениците во социјален ризик во двете основни и средното училиште.
Со средства донирани од нив набавени се 255 таблет компјутери што ќе помогнат децата од овие семејства непречено да следат онлајн настава.
Од вкупно обезбедените, 50 од компјутерите се наменти за ученици од ООУ„Саит Најдени“, каде настава следат над 400 основци.
-Благодарност и почит за нашите во САД, но и за директорот Мулареџа што не ги заборави и нашите ученици.Во име на училиштето, учениците и нивните родители голема благодарност до мојот колега,со чие залагање се обезбедени таблетите,рече Бурим Казиу, директор на „Саит Најдени“.
Претходно иселениците од САД обезбедија 75 таблет компјутери за ученците од средното општинско училиште „28 ноември“, каде заедно со подрачните паралелки во село Могорче, настава следат 584 ученици.