Делчев: Бројни решенија во полицијата не знаеме како завршиле и до каде имаат дојдено
Она што се случува во Министерството за внатрешни работи, а што го гледаат и вработените и граѓаните не е својствено за демократска држава и нема да биде добро ако се продолжи со овој систем на функционирање, бидејќи бројни решенија кои беа издадени од минатиот министер, па се направија нови решенија од техничкиот министер, па се вратија на повторно разгледување на второстепена, првостепена по судови, веќе не знаеме во полицијата кои решенија како завршиле и до каде имаат дојдено, рече денеска претседателот на Независниот синдикат на полицијата (НСП) Гоце Делчев во изјава за медиумите.
Јасно е, вели тој, дека има огромен број решенија кои се со важност од минатиот министер кои се со важност со распишување, односно потпишување на второстепената да се вратат на старите работни места, но најважно, како што потенцира, е дека огромен број вработени во полицијата не си го знаат нивното работно место и во моментов има полицајци, инспектори, началници кои не знаат каде да се обратат, објави Канал 5.
Целосниот текст прочитајте го тука
- ГО ПРАШАА МАСК КАКО УСПЕВА ДА ВОДИ ШЕСТ КОМПАНИИ ОДЕДНАШ: Одговори со неколку зборови - 20/01/2025
- СПМ: Синдикатот на полиција во Македонија ги достави предлог измените за Законот за внатрешни работи - 17/01/2025
- СОНК домаќин на работната група за Законот за наставници и стручни соработници - 17/01/2025