Куќата чини помалку од 7.000 евра, а сметки за струја нема: Постои една цака, еве за што се работи
Мала мобилна куќа на соларен погон ветува живот без месечни сметки за струја, но и покрај големиот интерес, се’ уште не стиганала во масовно производство.
Ако некогаш сте сонувале за дом кој можете да го поставите каде и да посакате, кој не изискува приклучување на електрична мрежа, не носи месечни сметки за струја и чини помалку од 7.000 евра, компанијата Тесла осмислила токму таква идеја и започнала бројни расправи за иднината на претојувањето.
Имено, Tesla Tiny House е мала мобилна куќа на соларен погон, замислена како потполно енергетски независен дом по цена пониска од просечен скутер. Проценетата вредност на проектот изнесува околу 8.000 американски долари, односно приближно 6,800 евра.
Нема сметки за струја
На хартија, идејата делува како почеток на нова ера на одржлив живот. Куќа без приклучок на мрежа, без месечни сметки за електирична енергија и без зависност од централизирани системи звучи како остварување на сонот за многу љубители на минималистички и самоодржлив начин на живот. Сепак, во пракса овој концепт отвора повеќе прашања отколку што нуди конкретни одговори, пишува Јутарњи лист.
Tesla Tiny House би требало да ги обедини клучните технологии по кои компанијата е позната: соларни панели, Powerwall батериски системи и интелигентно управување со енергијата по пат на мобилна апликација. Концептот е преставен како визија за иднината во која луѓето би можеле да живеат потполно вон мрежата, потпирајќи се исклучително на сопствено производство на енергија.
Се’ уште нема планови за масовно производство
Внатрешноста на куќата ја следи филозофијата на минимализмот. Изградена е од рециклирани материјали, а распоредот на просторијата е внимателно осмислен, за максимално да се искористи секој сантиметар од просторот. На помалку од 20 квадратни метри сместени се дневна, кујна и простор за спиење.
Благодарение на мобилната конструкција, куќата е можно релативно лесно да се транспортира и да се постави на различни локации, што ја прави привлечна опција за оние кои сонуваат за живот блиску до природата и далеку од урбаните ограничувања.
Идејата за малата куќа на Тесла потекнува од демонстративен проект претставен во Австралија во 2017 година.
Меѓутоа, и покрај големото интересирање на јавноста, од тогаш не се објавени веродостојни информации кои би потврдиле дали проектот некогаш влегол во масовно производство. Фотографиите и референците на Tesla Tiny House и понатаму можат да се пронајдат меѓу промотивните материјали на Тесла, но засега нема официјални најави, можности за нарачување ниту конкретни планови за комерцијализација на овој производ.
Извор: Blic.rs

