Сметките за струја под висок напон, електричната енергија може да поскапи до 5 отсто
Струјата би можела да поскапи, но Владата очекува зголемувањето да биде ограничено и да не надмине 5 проценти.
Премиерот Христијан Мицкоски на брифинг со новинарите посочи дека се подготвува енергетски модел со кој треба да се зголеми домашното производство и да се ублажи притисокот од растот на цените на европските пазари.
Мицкоски рече дека целта е да се избегне поголем ценовен удар врз граѓаните, иако Европа се соочува со сериозен енергетски притисок поради ниските резерви на гас, послабата хидроенергетска продукција и зголемената побарувачка за електрична енергија, меѓу другото и поради развојот на центрите за податоци и вештачката интелигенција.

