Ќе плаќаме повисоки сметки за парно и струја?!
Поскапување на парното и на струјата им се заканува на домаќинствата во земјава. Растот на цените на енергенсите на светските пазари ги натера енергетските компании да побараат корекција на тарифите. МЕПСО бара зголемување на цената за пренос на електрична енергија за речиси 98 отсто, додека четирите компании во секторот за топлинска енергија бараат ново поскапување на парното, наведувајќи дека цената на природниот гас во октомври е повисока за околу 60 отсто во споредба со онаа врз основа на која беше донесена последната одлука.
Доколку Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) ги одобри барањата, граѓаните би можеле да се соочат со повисоки сметки за струја и за греење во текот на претстојната зима. Сепак, конечниот ефект ќе зависи од одлуките на регулаторот и од тоа колкав дел од предложените зголемувања ќе биде прифатен.
Повеќе тука

