Кој е газдата што го плаќа ова: Скопјанец земал по 190.000 евра плата месечно
Нешто под 190.000 евра месечно во бруто износ е највисоката плата која е исплатена во минатата 2025 година, покажува извештајот на УЈП. Станува збор за плата исплатена во секторот вадење камен јаглен. Оваа која на годишно ниво надминува 2,2 милиони евра е за околу 2% повисока од ланската највисока плата. Целиот топ 5 највисоки плати во Македонија е над 2 милиони евра годишно во бруто износ и сите се исплатени во Скопје. Станува збор за плати поделени во секторите Аптеки, трговија со тутун храна и пијалоци, болници и трговија со фармацевтски производи.
Најмногу пари надвор од плата, како дополнителен приход пријавил скопјанец кој лани инкасирал нешто под 2 милиони евра бруто на годишно ниво. Во Топ 5 има уште 3 годишни приходи над милион евра и еден од 42 милиони денари.
Најмногу приходи од дивидеднда пријавил гевгеличанец кој лани земал над 4 милиони евра. Слична сума пријавил и охриѓанец.
Лани, според извештајот на УЈП изготвени се 863.100 годишни даночни пријави, што е за близу 83.000 повеќе отколку во 2024 што е +10,6%
Утврдениот бруто приход е за 74,1 милијарди денари повисок (+13,8%), а утврдениот данок на личен доход за 4,9 милијарди денари (+13,9%).

