Нацртите од своето книжевно дело ги чувал во фиока од свoјата канцелариска маса: Овие 8 големи писатели ги спојувале „обичната работа“ и љубовта кон зборовите
Многумина идни писатели сонуваат за денот кога ќе го предадат својот отказ, ќе ја напуштат канцелариската маса и конечно ќе се посветат на пишувањето. Меѓутоа, на поголемиот дел и понатаму им треба редовна плата додека хонорарите од книгите не станат доволни за живот.
Задржувањето на секојдневната работа додека се гради креативната кариера не е нова појава. Напротив, бројни познати автори низ историјата работеле сосема обично професии – некогаш поради финансиска сигурност, а некогаш затоа што сакале да негуваат повеќе различни интереси.
Додека некои на крајот ги напуштиле своите професии за целосно да и’ се посветат на книжевноста, други продолжиле да работат дури и кога станале славни и финансиски обезбедени.
Антони Торлоп
- Дневна работа: службеник во пошта
Еден од најплодните англиски романописци од викторијанската ера секое утро пишувал по три часа пред да оди на раба во поштата. Дал отказ дури на 52 години, кога заработката од дури 47 романи и бројни раскази, станала доволна за да ја надомести пензијата од која се одрекол.
Френц Кафка
- Дневна работа: службеник во осигурително друштво
Откако работниот ден го поминувал во Институтот за осигурвање на работници од несреќи во Прага, Кафка навечер ги пишувал своите романи.
Парадоксално, токму бирократијата, строгите правила и чувството на немоќ кое секојдневно го доживувал на работа ги инспирирале некои од неговите најважни дела, како што се „Процес“ и „Метаморфоза“.
Харпер Ли
- Дневна работа: агент за продажба на авионски билети
Откако ги напуштила студиите по право, Харпер Ли се преселила во Њујорк, за да стане писателка. За да може да ги плати сметките, работела како службеничка за продажба на авионски билети во авио – компаниите „Истерн Ерлајнс“ и „Бритс Ервејз“.
Во слободно време пишувала раскази, а подоцна и романот „Да се убие птицата подбивница“, кој и’ донел светска слава.
Валас Стивенс
- Дневна работа: директор на осигурителна компанија
Додека речиси четири децении работел во осигурителна компанија, Валас Стивенс пишувал поезија. Нацртите на песните ги чувал во фиока од својата канцелариска маса.
Во 1955 година, освоил Пулицерова награда за поезија.
Владимир Набоков
- Дневни работи: професор по англиски и истражувач на пеперутки
Во текот на четриесет години работел како истражувач на зоологија на Харвард, каде бил задолжен за колекцијата на пеперути во Музејот за компаративна зоолгија.
Подоцна предавал англиска книжевност на Универзитетот Корнел, а токму тогаш го напишал романот „Лолита“, кој го прославил ширум светот.
Курт Вонегут
- Дневни работи: новинар, ПР менаџер, сопственик на авто – салон и професор
Пред да стане еден од највлијателните американски писатели на 20-век, Вонегут работел како новинар за „Sports Ilustrated“, а потоа како менаџер за односи со јавност во „General Electric“, а на кратко бил и сопственик на „Saab“ авто – салон.
Дури и по книжевниот успех тој продолжил да работи. Предавал на програмата за креативно пишување на Универзитетот во Ајова кога неговиот роман „Лулка на мачката“ во 1963 година станал бестселер.
Агата Кристи
- Дневна работа: фармацевтска помошничка
Во 1917 година Агата Кристи стекнала квалификација за фармацевтски асистент и ја работела таа работа до крајот на Првата светска војна.
Знаењето за лековите и хемикалиите подоцна често го користела во своите криминалистички романи. Нејзиниот прв роман, „Мистериозната афера во Стајлс“ му го претставил на светот славниот детектив Херкул Поаро.
Луис Керол
- Дневни работи: фотограф, математичар и професор
Вистинското име на Луис Керол било Чарлс Латвиџ Доџсон. И по огромниот успех на книгата „Алиса во земјата на чудата“, продолжил да работи.
Бил ценет фотограф и во текот на 24 години направил повеќе од 3.000 фотографии. Истовремено, неговиот талент за математика му донел предавачко место на Оксфорд, каде бил во текот на наредните 26 години.
Лекција за денешните креативци
Приказните на овие автори покажуваат дека „сигурната работа“ и креативната амбиција не мораат да бидат спротивставености. Пред да освојат награди, да продадат милиони книги и да влезат во историјата, многумина од нив секое утро оделе на работа како и сите други. Разликата била во тоа што по работното време продолжувале да работат на она што навистина сакале да бидат.
Извор: Blic.rs

