Денеска вонредна седница за еколошката такса за горивата
Поскапување на цените на горивата за 3,5 денари без ДДВ сепак ќе има. Владата во 17 часот закажа дополнителна седница каде единствена точка на дневен ред ќе биде воведувањето на еколошката такса. Министерството за животна средина експресно ја вметна еколошката такса во Законот за животна средина откако вчера не достави предлог до Владата. Поскапување на цените освен за бензинот и дизелот за 3,5 денари ќе има и за мазутот и на екстра лесното масло.
Со заклучок од вчерашната 81 Седница на Владата, Министерството за животна средина и просторно планирање во соработка со Секретаријатот за законодавство е задолжено да подготви соодветна измена на Законот за животна средина, во делот на надоместоци во насока на зголемување на надоместоците за нафтени деривати, и тоа за моторен бензин, гасно масло и масло за горење М1, М2 ( мазут ). МЖСПП пристапи кон изготвување на измените и истите ќе бидат доставени до Владата на денешната Седница“, наведоа од Министерството за животна средина.
Министерот за економија Крешник Бектеши во емисијата „Економски магазин“ што се емитува на Алсат, потврдува дека денеска ќе се одлучи воведувањето на еколошката такса, како неопходна за зелената агенда кон која се стреми Владата
Ќе имаме уште една владина седница, во текот на денот или во доцните часови кога ќе се усвои одлуката за зголемување на еко-таксата која ќе биде околу 3,5 денари за одредени деривати и 3,1 денар за дериват кој помалку загадува. На овој начин ќе продолжиме во насока на зелената агенда како влада на Македонија, рече Бектеши.
- По повеќе од две години опструкции, СОНК ја обнови репрезентативноста - 07/12/2024
- Мицкоски по состанокот на ЕСС: Очекувам наредната година да имаме раст кој ќе го почувствуваат граѓаните преку повеќе пари, подобри услови за бизнис и поефикасни услуги - 06/12/2024
- Во октомври зголемен бројот на слободни работни места во САД - 05/12/2024