ПравдаСветот на работникот

Десетина службеници на УЈП одат во самоизолација поради контакт со директорката Лукаревска

Десетина службеници на УЈП - Работник
178views

Десетина службеници во генералната дирекција на УЈП ќе бидат ставени во самоизолација, поради контакт со директорката Сања Лукаревска, која објави дека е позитивна на тестот за корона вирусот, пренесува „ТВ 24“.

Лукаревска за „ТВ 24“ вели дека контактите и состаноците во УЈП за цело време на кризата се сведени на минимум, осен за клучни прашања, се користеле интернет алатките за комуникација.

Внимававме и ги почитувавме сите препораки, но сепак превентивно десетина лица од генералната дирекција на УЈП ќе бидат пријавени од моја страна во анкетата кај епидемиолозите за да направат тестирање – вели Лукаревска.

Во самоизолација се и нејзините родители, кои ги чекаат резултатите од тестовите.

Извор: Лидер