ЕкономијаНовостиСветСветот на работникот

Десет најплатени професии во САД: Девет се поврзани со медицината

   Време за читање 1 минута

„Бизнис инсајдер“ состави листа на најплатени работни места во Америка. На врвот се детските хирурзи, кои заработуваат околу 413.700 евра годишно, седум пати повеќе од кој било друг човек со просечна плата. Во моментов во Америка работат 1.180 педијатриски хирурзи.

Следни на листата се кардиолозите, кои заработуваат 389.700 евра, а трети на листата се ортопедските хирурзи, кои заработуваат 348.250 евра годишно Радиолозите заработуваат 325.890 евра. Сите други хирурзи заработуваат 343.990 долари годишно.

Шестото место на листата го заземаат професиите од областа на медицината, односно дерматолози, кои просечно заработуваат 315.700 евра годишно. Анестезиолозите се седмата најплатена професија во Америка, а вработените во просек заработуваат 339.470 долари.

Максилофацијален хирург заработува во просек 307.799 евра годишно. На деветтото место се спортистите, кои просечно заработуваат по 302.753 евра годишно, а на десеттото место се офталмолозите кои заработуваат 287.368 евра.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *